19 Април, 2024
0.0284

Небезбедни турски домати во Србија - ги има ли во Македонија?

Објавено во: Агробизнис 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција. 

Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за увоз на небезбедни домати од Турција на македонскиот пазар.

Инспекциските служби вршат континуирани контроли на пратките зеленчук кои се увезуваат и тие се пуштаат на пазарот исклучиво по добивање наод од извршени лабораториски испитувања со кои се потврдува дека не содржат пестициди или други штетни материи над максимално дозволените концентрации.

„Редовно се контролира и домашниот пазар, дистрибутивните центри, како и преработувачките капацитети. Дополнително, прометот со зеленчук се контролира во рамки на контролите на мешовитите продавници кои вклучуваат и трговија со овој тип производи“-  велат од АХВ.

Од почетокот на годинава досега, од Турција, Грција, Албанија и Италија се увезени 264 пратки домати во количина од 2.547.581 килограм. 

Покрај редовните инспекциски контроли, согласно препораките на ЕУ, АХВ од 2012 година ја спроведува и Програмата за мониторинг на безбедноста на храната чија цел е одредување евентуално присуство и на концентрациите  на контаминентите  во  храната,  како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот. 

Meдиумите во Србија пишуваат за овој скандал, а дел од нив прашуваат дали случајот со отровните домати е местенка или е грешка. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари