24 Април, 2024
0.0325

„Не сум сигурен дека Брисел знае што сака со Балканот“: Вучиќ по состанокот со Пендаровски

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателите на Србија и Македонија, Александар Вучиќ и Стево Пендаровски, разговараа на состанок во четири очи во Палатата на Србија, што следеше по свечениот прием за државната делегација.

Политичките, безбедносните и економските прашања беа на маса меѓу двајцата државници, кои се обратија пред јавноста по разговорите.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Белград и Скопје имаат многу добри односи, со поголема доверба отколку порано, без отворени прашања освен Косово и со подобрена економска соработка.

- Во политичките односи, освен различни ставови во врска со независноста на Косово, немаме други отворени прашања. Ние сакаме да ги градиме најблиските пријателски односи - рече Вучиќ, додавајќи дека имал чесен и отворен разговор со македонскиот претседател за сите клучни прашања во билатералните односи на двете држави, регионалните иницијативи и клучните регионални прашања.

- Белград и Скопје имаат многу добри односи, ми се чини со поголема доверба од пред една или две години и овие односи ќе одат само во подобра насока - рече Вучиќ.

Тој додаде дека економската соработка меѓу двете земји напредува и оти трговијата се очекува да биде близу една милијарда оваа година, што, како што вели, би било важна психолошка граница доколку се направи многу заедно.

Тој рече дека се е во суштината и сржта на економските односи и изјави дека во 2018 година размената изнесувала 857,8 милиони евра и дека во првите девет месеци од оваа година е забележано зголемување од 7,6 проценти.

Од друга страна претседателот Стево Пендаровски истакна дека има чест со српскиот колега да разговара во рамки на неговата посета во Србија за прашања кои се од заеднички интерес на двете земји.

-На првата тет-а-тет средба со претседателот Вучиќ заклучивме дека односите на двете земји се одлични без спорни точки. Наша должност како претседатели е да создаваме позитивна атмосфера и сите прашања да ги решаваме со максимално меѓусебно почитување-истакна Пендаровски на заедничката прес конференција.

Тој меѓудругото посочи дека разговарале и за француската иницијатива за нова променета методологија за преговори со европската унија.

Пендаровски го повторил ставот на Македонија, дека за нашата земја не постои друга алтернатива освен Европската унија.

На прашањето за францускиот „Нон-пејпер“ српскиот претседател рече дека „Не е сигурен што сака Брисел со нас и секој кој би рекол поинаку, би излажал“.

-Не зависи се од нас. Ние мораме да работиме, да гледаме во иднината, да бидеме начисто, и на граѓаните да му ја говориме вистината. Да градиме патишта, отвораме фабрики, да се трудиме да јакнееме-истакна Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП