НЕ Е КАКО ВО МАРТ: Сега короната побрзо се шири во Европа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Септември, 2020
Состојбата со ширењето на коронавирусот сега е полоша во Европа отколку во март.
Дека состојбата е лоша денес соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.
Пикот од март сега е надминат.
Минатата недела вкупниот неделен број на регистрирани случаи на континентот бил над 300.000, а повеќе од половина од европските земји во изминатите две седмици имаат раст на бројот на случаи од повеќе од 10 проценти.
Во седум од земјите бројот на новозаразени се зголеми двојно.
Шпанија има 30,243 починати, Франција 31,045, Британија 41,705, Италија 35,645, Германија 9,451.
Ново жариште станува и Чешка. По тој повод, државата воведе построги правила поради бројот на нови дневни инфекции кој надмина 2000. Ресторани, кафулиња, барови, ноќни клубови и слични објекти можат да имаат гости колку што има места за седење.
Бројот на новоинфицирани во Холандија руши рекорди трет ден по ред, објави денеска Министерството за здравство, предупредувајќи дека капацитетите за тестирање не се доволни.