НБРМ: Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јуни се намали на 4,54 oтсто
Објавено во: Економија 30 Јули, 2021
Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,54 oтсто, соопштија од Народна банка.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,84 отсто.
Во јуни, просечната каматна стапка на новоодобрените2 кредити изнесува 4,03 отсто и
оствари раст на месечно и годишно ниво, од 0,19 п.п. и 0,09 п.п., соодветно.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,53 отсто и забележа
месечен и годишен пад од 0,14 п.п. и 0,11 п.п., соодветно.
Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на
корпоративниот сектор е намалена за 0,03 п.п. на месечна основа и изнесува
3,65%. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти:
каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и
0,02 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01
п.п.). Во споредба со јуни минатата година, оваа каматна стапка бележи пад од
0,28 п.п.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на: