28 Март, 2024
0.0314

НБМ ГИ ДЕМАНТИРА СИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ: Спијте мирно, денарот е и ќе остане стабилен

Објавено во: Финансии 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Народна банка уште еднаш децидно го повторува својотстав во врска со курсот на денарот, граѓаните треба да бидат спокојни, денарот останува стабилен.  

„Граѓаните треба да бидат спокојни. Гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен - нема и нема да има промени на нивото на неговиот девизен курс. Девизните резерви, кои се клучната гаранција за стабилноста на девизниот курс на домашната валута, во изминатиот период достигнаа историски највисоко ниво. Од почетокот на овој месец, тие остварија раст од 603,8 милиони евра. Високото ниво на девизните резерви од над 3 милијарди евра, не само што е соодветно за одржување на стабилен курс на денарот, туку како што веќе и имаме посочено, тоа е двојно повисоко во однос на 2008 година, кога како централна банка успешно одговоривме на предизвиците од тогашната глобална економска и финансиска криза“, велат од централната банка.

Откако стартуваше ковид кризата во земјава, се појавуваат одредени шпекулации, или стравувања од граѓани што ќе се случи со девизниот курс на денарот.

Ова особено се однесува на оние чии заштеди во домашните банки се во домашната валута, денарот, па стравуваат да не дојде до загуба на нивната вредност.

Но, од НБМ ги смируваат овие граѓани.

Потсетуваме дека Народната банка има и низа инструменти што се дополнителна гаранција за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото. Истовремено ве известуваме дека и со најновите проекции на Народната банка, во претстојниот период се очекува и натамошен раст на девизните резерви. И во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви на нашата земја е и ќе остане адекватно и дека на ниту еден начин нема да биде загрозена стабилноста на денарот“, децидни се од првата монетарна кужа во земјава.

А за шпекулациите кои се појавуваат во јавноста, одговорот од НБМ на новинарските прашања е дека тие не се вистинити. 

„Во врска со шпекулациите со тврдења за домашната валута на кои посочувате, Ве известуваме дека посочените информации не се вистинити. Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет и таа е загарантирана. И овојпат, апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации во врска со домашната валута и нејзиниот девизен курс. Како што посочивме и во двата наврати кога на социјалните мрежи се споделуваа шпекулации во врска со домашната валута, пласирањето неточни или непроверени информации во врска со денарот може да креира негативни ефекти за македонската економија. И во завршницата на одговорот на Вашето прашање, повторно потсетуваме дека како што во повеќе наврати соопштивме – девизниот курс на денарот е и ќе остане стабилен“, објаснуваат од кабинетот на гувернерката Анита Бежовска-Ангеловска.

Инаку, треба да се напомене и дека најновиот пораст на девизните резерви за 600 милиони евра, се должи на пристигнувањето на сметката на земјава на парите од еврообврзницата, преку која земјава се задолжи на меѓународниот пазар. Како што е познато, преку еврообврзницата, земјава доби од странските кредитори сума од 700 милиони евра. 

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка