28 Септември, 2022
0.0444

НАВАЛИ НАРОДЕ НА ПОЕВТИН БЕНЗИН ЗА ДВА ДЕНАРИ, „ДИЗЕЛАШИТЕ“ НЕ СЕ ИЗРАДУВАА - РКЕ ги објави новите цени

Објавено во: Економија 11 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,114 отсто, кај дизелот за 2,263 отсто, кај екстра лесното масло за 3,513 отсто и кај мазутот намалувањеза 1,290 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 12.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  88,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98    90,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      90,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  85,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    52,786(денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизокза 0,005 отсто, велат од РКЕ.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.8.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври

АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври

Генерали Инвестментс: Внимателно, неизвесноста и нестабилноста на пазарите се високи

Генерали Инвестментс: Внимателно, неизвесноста и нестабилноста на пазарите се високи

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Францускиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Владата ќе набавува централа што ќе произведува струја од дизел

Владата ќе набавува централа што ќе произведува струја од дизел

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за законски измени: Комуналните претпријатија, училиштата и болниците не смеат да плаќаат струја на слободен пазар

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за законски измени: Комуналните претпријатија, училиштата и болниците не смеат да плаќаат струја на слободен пазар

ССМ: ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, стотина фамилии без егзистенција

ССМ: ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА НА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, стотина фамилии без егзистенција

Владиниот советник Виктор Андонов открива: Гасот ќе го купиме од Србија

Владиниот советник Виктор Андонов открива: Гасот ќе го купиме од Србија

Зошто Путин сака да го разнесе Северен тек?

Зошто Путин сака да го разнесе Северен тек?

Мапирање на ИТ индустријата во Македонија: Кој е најпопуларен програмски јазик?

Мапирање на ИТ индустријата во Македонија: Кој е најпопуларен програмски јазик?