28 Март, 2024
0.0921

НАВАЛЕТЕ СТУДЕНТИ: Државата ќе дава дневно по 120 денари за храна

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Државата со буџетски пари ќе им го субвенционира оброкот на студентите во земјава.  

По скратена постапка се носи Закон за субвенциониран студентски оброк, кој денес е на разгледување на Комисијата за финансирање и буџет, а Владата дала позитивно мислење за него. 
Предлагачи се четворица пратеници од владејачкото мнозинство, Јулијана Николова, Александар Кирацовски, Сашко Костов и Џеват Адеми. 

Предлагачите на законот велат дека со него треба да се подобри стандардот на студентите, а се зема примерот од Словенија, каде овој модел тече повеќе од 10 години.

„Република Северна Македонија чекори по патот на европската интеграција. Оттука, потребно е таа да носи легислатива со која ќе им овозможи на своите државјани кои се студенти да ги користат истите поволности кои ги користат и студентите ширум европските држави“, велат предлагачите. 

Законот за субвенциониран студентски оброк се носи за прв пат во земјава. 

Висината на субвенцијата за студентски оброк ќе изнесува вкупно 120 денари дневно.

„Примарна цел на законот е дефинирање на правото на студентски оброк на студентите. Односно овој закон го дефинира поимот субвенциониран студентски оброк како и начинот и критериумите за субвенционирање на истиот. Проектот субвенциониран студентски оброк, повеќе од 10 години успешно се спроведува во Република Словенија. Од страна на тамошните институции постои согласност и поддршка за имплементирање на проектот и во Република Северна Македонија, со одредени прилагодувања, согласно финансиските можности на земјава. Тамошната пракса покажува дека бројот на студенти корисници на оваа  мерка од година во година се повеќе се зголемува, а со воведување на истата исто така се спасени од затворање голем број на угостителски објекти. Со имплементација на овој закон студентите ќе добијат можност во текот на денот да се хранат за значително пониска цена, кај давателот на субвенциониран студентски оброк кој склучил договор со Министерството за образование како давател на услугата,а плаќањето ќе може да го вршат преку мобилен телефон или преку студентска картичка“, велат предлагачите.

Законот дава можност субвенцијата за студентски оброк да ја користат сите редовни студенти на додипломските студии на државните и приватните универзитети, кои се државјани на земјава, кои се регистрирале во системот на Универзитетот, со денот на поднесување на пријавата за запишување на студиската година, преку пријавување на телефонскиот број на студентот и негово внесување во системот.

За спроведување на Законот потребните парични средства во вид на субвенција ќе ги исплаќа Министерството за образование и наука, а ќе се обезбедат од Буџетот на земјава.  

Предлагачите велат дека ова не е сложен и обемен закон, па затоа ќе се носи по скратена постапка. 

Во законот стои дека „субвенциониран студентски оброк е храна, односно јадење кое се случува во одредено време и вклучува одредено приготвена храна, за која студентите ќе добиваат субвенција во износ од 120 денари од страна на Министерството за образование и наука“. 

Корисници на субвенциониран студентски оброк ќе бидат редовните студенти на додипломските студии на државните и приватните универзитети, државјани на земјава, кои со пријава за упис поднесена од нивна страна се евидентирани во Министерството за образование и наука.

Оброкот кој ќе биде субвенциониран ќе го дава правно лице со кое Министерството за образование и наука има склучено Договор за јавни набавки.

Плаќањето на услугата корисникот ќе го врши преку дигитална картичка или мобилен телефон, стои во предложениот закон.

Корисниците ќе имаат право услугата  да ја користат од понеделник до петок во период од 08:00 до 20:00 часот. Доколку корисникот во периодот не го искористи правото на субвенционирање, износот од субвенцијата не му се префрла во наредниот ден.

„Правото за субвенциониран  студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до  14 септември во  годината во која се стекнал со правото на субвенционирање, како и за време на  државни верски празниции неработни денови“, сто во законскиот текст.

Договорот за користење на правото на субвенција преку мобилен телефон, со мобилниот оператор кој треба да обезбеди уреди за регистрирање на давателите на услуга, го склучува Министерството за образование  и наука.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење