14 Август, 2020
0.0310

НАВАЛЕТЕ НА ЗЕЛЕНА НАФТА - тие што имаат картички од лани ќе точат веќе од понеделник

Објавено во: Економија 11 Јули, 2020

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и  ќе  можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел  за земјоделска механизација“.

“Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“- изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма  2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

Лани кофинансирањето на трошоците за набавка на зелена нафта за земјоделска механизација беше 30 отсто, оваа година поддршката е зголемена на 50 проценти.

“Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада  земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат  5 илјади земјоделци. 

 Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“  веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа  право за добивање на картичка за  зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да  ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на Република Северна Македонија. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛО ЛИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ИНВЕСТИТОР - кој сакал да достави понуда за Еуростандард банка?

ИМАЛО ЛИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ИНВЕСТИТОР - кој сакал да достави понуда за Еуростандард банка?

Зошто Македонците доцна заминуваат од домот на родителите?

Зошто Македонците доцна заминуваат од домот на родителите?

Нема да можете да плаќате сметки во пошта, еве зошто...

Нема да можете да плаќате сметки во пошта, еве зошто...

КХВ: Укината дозволата на Дирекцијата на Еуростандард, пазарот останува стабилен

КХВ: Укината дозволата на Дирекцијата на Еуростандард, пазарот останува стабилен

ПАД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 95 ОТСТО: Мал број Срби, Турци, Бугари, Албанци сепак шетале низ Македонија

ПАД ВО ТУРИЗМОТ ЗА 95 ОТСТО: Мал број Срби, Турци, Бугари, Албанци сепак шетале низ Македонија

Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

Отворете сметка или депозит во Халкбанк и добијте ваучер за да се почестите на наша сметка

Се огласија винариите и трговците со вино: Откупните цени се мали затоа што државата не помага

Се огласија винариите и трговците со вино: Откупните цени се мали затоа што државата не помага

Берзата трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство

Берзата трајно ја исклучи Еуростандард банка од членство

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ - ќе има известување кога и преку кои банки ќе тече обесштетувањето

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ - ќе има известување кога и преку кои банки ќе тече обесштетувањето