28 Март, 2024
0.0260

Наумовска: Луѓето се приморани да направат избор што точно ќе купат пребројувајќи се до последниот денар

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Македонија се соочува со висока стапка на инфлација, која им создава притисок на граѓаните.

Психологот Наталија Наумовска објаснува дека инфлацијата како неизбежна појава се одразува негативно на психата на луѓето, кои сега се во тесно, мораат да штедат или да си најдат дополнителен извор на приходи за да ги задоволат потребите. Поскапеа  многу производи и услуги и ова го покажаа и статистичките податоци.

„Во нашата земја веќе неколу месеци се соочуваме со инфлација, термин најпознат во економијата. Токму таа ги погоди сите граѓани во сред енергетска криза. Инфлацијата удри по џебовите на сите, но најмногу на оние кои земаат најниски плати. За што побрзо да се потрошат парите, за јадење или за плаќање струја, кредити и така натаму? Принудени сме да штедиме струја, а има и пример каде во студентските домови во Скопје на студентите им забрануваат да користат грејни тела и истите им ги земаат доколку ги начекаат со пуштени греалки. Дали е праведно? Кој родител сака детето да му седи во ладна просторија и да измрзнува? Се наоѓаме во период каде луѓето се принудени да ја смалат потрошувачката кошница токму поради накачените цени на производите во продавниците. Инфлацијата како неизбежна состојба секако дека психички влијае врз луѓето, на негативен начин. Тие се чувстуваат како приморани да направат избор што точно ќе купат избројувајќи го последниот денар. И на крај пак нешто ќе фали поради ниските примања. Луѓето се насочуваат кон барање на дополнителни извори на заработка. Покрај нивната стандардна работа тие се свртуваат кон хонорарни заработки, запоставувајќи ги своите семејства. Со повеќе работа, тие не си помагаат себеси, напротив се исцрпуваат“, вели психологот.

Таа додава дека најголем проблем е што нема покачување на платите, а цените се во пораст.

„Сега повеќе од никогаш треба да научиме да штедиме и повеќе од никогаш да знаеме како и колку трошиме. Да бидиме свесни за сопствените примања, да не влегуваме во долгови, да не земаме кредити кои тешко ќе ги враќаме. Паметно штедење и паметно трошење е она што треба да се прави доколку сакаме да ги ублажиме ударите од инфлацијата. Да направиме прецизни пресметки за што и каде ги трошиме парите и врз основа на нив да направиме план како понатаму. Рационално трошење и штедење е клучно во овој период“, рече Наумовска.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на месец октомври годинава во однос на истиот месец 2021 година трошоците на живот достигнале високи 19,8 проценти.  Ова е најголемата стапка на инфлација која ја регистрираше ДЗС од почетокот на годината, но и во подолг временски период. Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7,3 отсто, млекото за 5,9 проценти, сирењето и урдата за 5,7 отсто, месото за 3,6 проценти и друго.

Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) велат дека за една година за 16.940 денари пораснала вредноста на синдикалната минимална кошничка. 

Сања Атанасовска

фото freepik.com

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?