НАУМОВ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ: Во овие мерки тоа е страшна порака
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Април, 2020
Никој не знае до кога ова ќе трае, што ќе се случи по шест месеци ако ова трае до тогаш, изјави вечерва во интервју за Телма, Кире Наумов, првиот човек на Развојната банка на Северна Македонија.
„Покрај тоа што ќе ги преземете мерките, многу е битно пораката која ја праќате. Во овие мерки тоа е страшна порака. Вие мора да гарантирате дека нема да чепкате во она што е приватна сопственоста на луѓето“, рече Наумов, за предлогот на опозицијата да се искористат средства од вториот пензински столб.
Тој вели дека за ПИОМ мора да има средства и дека пензионерите се категорија на граѓани која ги троши парите.