29 Март, 2024
0.0276

Интервју со Синиша Наумоски, директор на АБИТ - Академија за банкарство и информатичка технологија

Наумоски: На АБИТ создаваме банкарски и финансиски експерти, уписите се во тек

Објавено во: Економија, Интервјуа 18 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

За пет ипол години колку што постои, Македонската банкарска акдемија АБИТ одржала над 100 специјалистички семинари, семинари за млади банкари и конференции на кои поминале 1.800 слушатели.  Уписните рокови се веќе во тек, а Синиша Наумоски, извршен директор на АБИТ во разговор за Фактор вели дека на школата за банкарство во АБИТ има 6 програми за сертификација, додека пак, на школата за финансии седум програми за сертификација. Од неодамна како дел од соработката на АБИТ со ФОРУМ институтот за менаџмент во Хајделебрг, во Македонија постои филијала на реномираната школа односно функционира Институтот за бизнис и менаџмент Хајделебрг Скопје“

АБИТ е основан на почетокот на 2014 година како стартап,поддржан од неколку банки, меѓу кои и водечките три. Повеќе години доделувате дипломи на специјализантите, па какво беше искуството во овие години?

Наумоски: Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) е основана 2014 година, како непрофитна организација. Практично, тогаш беше запишана во регистарот на правни лица. Но,вистинските почетоци се неколку години претходно. На почетокот на 2013 година, со активно и посветено лобирање на некои реномирани банкари и раководството на Народната банка кон останатите чинители на македонскиот банкарски систем, за прв пат се насетуваше можност да се создадат услови за сопствено македонско едукативно тело кое ќе креира високи едукативни вредности во банкарството. Така и се случи. Веќе наредната 2014 година, настана првата независна македонска банкарска академија „АБИТ“. 

Имено, и тогаш и сега, сум на мислење дека силна страна на нашата држава е прудентноста на монетарниот систем. За таа цел, ние во АБИТ изминатите пет и пол години бевме промотор на квалитетите на домашни банкарски специјалисти насекаде каде чекоревме. Практично, АБИТ во својот пат има успешно организирано над 100 специјалистички семинари, семинари за млади банкари и конференции, со поминати над 1.800 слушатели. Исто така, создадовме повеќе од 50 еминентни домашни предавачи и околу 20 меѓународни експерти. Потпишавме околу 40меѓународни партнерства со школи, универзитети, академии, институти, асоцијации... Но, она што го прави АБИТ различен од сите останати формални и неформални образовни субјекти, дома и во регионот, е содржано во нашето мото или „Од практика за практика“.

Оттука, после речиси шест години постоење, јас сум силно убеден дека ја оправдавме довербата кон сите чинители во банкарскиот сектор, а особено кон оние банки кои ни даваа поддршка како стартапкомпанија во 2014 година со членарините кои ги добивавме. Поточно, ние, тие средства во целост ги враќавме назад во системот и со тоа изградивме наши домашни тренери, изградивме канал за промоција на банкарската индустрија преку бесплатниот научно-стручен меѓународен кварталник „е-Банкар“, помагавме на млади и невработени да се едуцираат и ги вработувавме, инвестиравме во опрема за работа и најважно од се, инвестиравме во networking. Направивме огромна мрежа на пријатели во земјите од Западен Балкан, ЕУ, САД и Израел. Можеби ќе звучи нескромно, но тоа беше нашата борба за успех.   

Какви се можностите да се унифицираат квалификациите на македонскиот банкарски сектор со европската сертификација за финансиски услуги?

Ние во АБИТ повеќепати сме говореле за процесите на сертификација во банкарството. Имено, тоа се високо регулирани процеси согласно EBTN правилата за квалитет во едукацијата, и многу прудентни во земјите членки на ЕУ. Оттука, АБИТ уште на самите почетоци , а тоа беше нужност за поддршката на НБРСМ, во тоа време, во 2014 година, на генералниот состанок на земјите-членки, во Хелсинки, Финска, станачленка на Европската банкарска тренинг асоцијација од Брисел, орган во состав на Европската Банкарска Федерација. Содобивањето на статус – придружен член во EBTN (Еuropean banking and financial services training association), на долг рок, Академијата добива право да биде еакредитирана за воспоставување и стандардизирање на македонските банкарски работници со колегите од ЕУ ицелиот свет, каде што ваквата диплома (ЕУ-сертификат) има важност. Тоа исто така е огромен бенефит за нашите слушатели на АБИТ едукативните програми, а секако најголема придобивка ќе имаат идните генереции банкари кои претендираат да работат во нашите банки и оние од земјите членки на ЕУ.

Веќе има нови уписи односно до крајот на јануари, 2020 година ќе заврши новиот уписен рок за специјализација. Со какви вештини и знаење ќе се стекнат слушателите на сертификациите во новата 2020?

Согласно внатрешните регулативи на АБИТ, определени се два уписни рокови - декември, 2019 – јануари 2020 (прв) и август – септември 2020 (втор). Оттука, сега сме во фаза на отворени уписи за новата академска година. Според тоа, на поголем дел од програмите студиите траат и во 2020 година, така што, за упис во првиот уписен рок Конкурсот ќе биде отворен само за сертификациони програми за банкарство и финансии.

На школата за банкарство во АБИТ има 6 програми за сертификација, додека пак, на школата за финансии се содржат 7 програми за сертификација. Од целото портфолио на програми, дел се воспоставени во2016 година. Тоа значи дека во новата година ќе имаме многу иновативни програми за сертификација со домашни и меѓународни експерти. За повеќе информации, начин и услови за аплицирање вашите читатели можат да ја посетат нашата веб страна, abit.edu.mk.


 Кој се може да се пријави за специјализациите? Како потоа стекнатите сертификати може да се употребат за добивање на квалитетна работна позиција и колку тука е важна соработката со банките и финансискиот сектор кај нас? 

Во новата година, АБИТ доделува за секоја од специјализациите, по најмалку 5 стипендии во износ од 50 отсто од школарината. За стекнување со меѓународна стипендија, може да се пријави секој учесник кој се занимава или има интерес да се занимава со професија во областите на банкарство и финансии. Важно, при аплицирањето на програмите, покрај електронската апликација на веб страната, мора задолжително апликантите да потполнат Пријава - лично во просториите на АБИТ. При пополнување на пријавата се уплаќа минимална сума од 2.000 денари како уписнина, која веднаш се одбива од вкупната школарина за избраната програма. Со тоа, апликацијата за студирање на АБИТ програмите се смета за завршена. 

Менторството од страна на ЕУ, преку „EBTN - European banking and financial services training association“ за АБИТ е дополнителна гаранција за меѓународен квалитет на услугите и издадените наши дипломи (сертификати). Секако, за обележување е и поддршката од страна на банките, како создаватели на високи вредности со сопствените човекови ресурси во изведувањето на практичните наставни програми и нивната вклученост во раководењето на АБИТ, стопанството, Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност, коморите,  АСО и многу други.  

Од неодамна, кај нас почна со работа германската високообразовна установа, како ПНУ Институт за бизнис и менаџмент Хајделебрг Скопје. Каква е поврзаноста на АБИТ?

Како што кажав и погоре, со АБИТ имаме околу 40 потпишани партнерства - меморандуми за соработка и тоа со Strascheg Institute for Innovation and Entrepreneurship (SIIE) од С.Р. Германија, Универзитетот за применети науки од Австрија, Институтот за контролинг од Виена, Универзитетот за информатичка технологија и менаџемнт од Полска, Бугарскиот институт за банкари од Софија, Романскиот банкарски институт од Букурешт, (WSBI - World Saving Banking Institute) Светскиот банкарски институт од Брисел, Хрватскиот институт за банкарство од Загреб, Белградската академија за банкари од Србија, Шпанската асоцијација на банкари од Барселона, Португалскиот банкарски институт од Лисабон, Француската асоцијација на банкари од Париз, Словачкиот банкарски институт од Братислава, Љубљанската школа за контролинг од Словенија, Хеленик институтот за банкари од Грција, словенската, белградската и косовската асоцијација за банкари и многу други. 

Од сето ова, за мене се издвојува партнерството со германската високообразовна установа, под водство на проф. д-р Улрих Зеител, кој е висок човек во германската економија и политика воопшто. Имено, тој како ко-основач на ФОРУМ институтот за менаџмент во 1979 година во Хајделебрг, кој во Германија важи за еден од најдобрите помагатели на стручно образование, со преку100 вработени, 15 милиони ЕУР приходи годишно и повеќе од 4.500 настани во годината. Благодарение на успешноста на АБИТ на македонскиот пазар, проф. Зеител носи одлука да основа филијала на неговиот Институт во Скопје, во партнерство со проф. д-р Роналд Глеих (Декан на EBS Executive School, како дел од угледниот и високо рангиран во Германија „EBSУниверзитет“). Така, во 2017 година, се основа, силен партнерер на АБИТ - германската високообразовна установа „Институт за бизнис и менаџмент Хајделебрг Скопје“. Институцијата е регистрирана во Скопје, како приватна научна установа во доминантна сопственост на две германски компании и тоа -  Форум Институт за менаџмент Хајделберг (Forum Institute for Management Ltd., Germany) и  C&MEA-Controlling & Management Excellence Academy GmbH, од Визбаден, Германија.

На крајот, убеден сум дека со ова мое објективно излагање ќе се спречи нарушувањето на угледот на Германците од страна на поединци кои не му мислат добро на македонскиот образовен систем. Имено, целите на Институтот, никако не се во насока да го нарушат балансот на чинителите на досегашниот македонски високообразовен систем. Туку напротив, целите на Институтот се поставени врз основа на германската филозофија за дуално стручно постдипломско образование. Ние во АБИТ, сонуваме да го донесеме германскиот образовен систем, тука... Ние сонуваме за германски вредности, овде во Македонија. Во спротивно, сите ќе станеме дијаспора.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?