Научниците ќе дадат одговор како вирусот од животни се пренел на луѓе
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Јули, 2020
Детално ќе се истражува како се појави и прошири коронавирусот.
Tим на Светската здравствена организација (СЗО) ќе го истражува потеклото на коронавирусот во Кина.
Двајца стручњаци од СЗО ќе претстојуваат во Пекинг за да постават основа за поголемо истражување за потеклото на вирусот.
Треба да се утврди како вирусот се пренесува од животни на луѓе.
Научниците веруваат дека вирусот можеби се создал во лилјаци и потоа е пренесен преку друг цицач, пред да биде пренесен на луѓе на пазарот за свежа храна во кинескиот град Вухан лани.
САД ја критикуваше СЗО дека погрешно постапила на почетокот на избивањето на епидемијата и оти е пристрасна кон Кина.
Повеќе од 120 држави побараа истрага за потеклото на вирусот, а Кина инсистираше истрагата да се води откако пандемијата ќе биде под контрола.
САД ја обвини Кина дека го крие бројот на жртви и дека реално тој е поголем.
Во светот има 12.4 милиони заразени од вирусот.
Во САД, Бразил и Индија има најмногу заразени.