Научници најдоа уште еден коронавирус кај лилјаците
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Мај, 2020
Научници најдоа уште еден коронавирус кај лилјаците сличен на Ковид-19.
Најновите истражувања укажуваат на тоа дека Ковид-19 најверојатно еволуирал по природен пат.
Вирусот тргнал од лилјаците преминал на други животни додека не ги развиле потребните мутации за премин на човекот што покрена глобална пандемија.
Таквите мутации покажуваат дека ваквите промени во геномот, каде доаѓа до еволуција на вирусот, многу лесно може да настанат по природен пат, пишува „Сајанс Алерт“.
Новооткриениот сој корона вирус, кој е наречен RmYN02, идентификуван е во анализа на 302 примероци земени од 227 лилјаци кои живеат во провинцијата Јунан во Кина.