14 Август, 2020
0.0397

НАУЧИЛ МАЛКУ УНГАРСКИ, СО ОРБАН СЕ СРЕТНАЛ САМО ЕДНАШ - Груевски даде интервју

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020

Поранешниот македонски премиер Никола Груевсски се надева на правда, по обвинувањата со кои се соочи во поранешната татковина, но неа планира да ја бара во Стразбур, пред Европскиот суд на правдата, а не пред македонските судови. Со политика веќе нема намера да се занимава, вели Груевски во интервјуто за неделното издание на Франкгфуртер алгемајне цајтунг, негово прво за западен медиум по заминувањето од власт, а кое го пренесува Дојче Веле. 

Груевски објаснува дека повеќе не ја следи меѓународната политика толку многу. За време на едноипол годишниот престој во Будимпешта, научил и малку унгарски, но со премиерот Виктор Орбан се сретнал само еднаш. 

Уште додека бил пратеник, тврди Груевски во ФАЦ, преку посредници му било нудено да гласа за Преспанскиот договор во замена за ослободување од кривичен прогон или намалување на казната. Тие посредници му биле директно испраќани од ексшефицата на СЈО Катица Јанева и од тогашниот премиер.

Кога новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс, откако избега Груевски, разговарал со него во хотел во центарот на Будимпешта, тој објаснил дека побегнал од земјата поради страв за сопствениот живот. ФАЦ пишува дека таквиот страв е логичен затоа што двајца други поранешни министри од владата на Груевски биле нападнати од „Албанци“ додека биле во затвор. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ