19 Април, 2024
0.0285

НАСИЛСТВОТО НЕ ЗАПИРА: Експлозиите продолжија утрово во Ерусалим

Објавено во: Свет 11 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Палестинците продолжија да гаѓаат со ракети кон Израел, а армијата одговори утрово со воздушни напади врз Газа во драматична ескалација на конфликтот во Ерусалим.

Експлозиите ги потресоа објектите низ цела Газа и звучеа сирени за опасност од ракета, а многу Израелци ја поминаа ноќта во засолништа. Палестинските власти соопштија дека во воздушните напади загинале двајца Палестинци, а над 100 се повредени. Израелската армија објави дека шест израелски цивили се ранети во ракетните напади на палестинските сили утринава.

Војската исто така потврди дека извршила десетици воздушни напади врз појасот Газа во текот на ноќта, насочени кон воени инсталации и припадници на Хамас.

Во Газа, синоќа во израелски напади беа убиени 22 лица, од кои девет деца, а над 700 Палестинци беа повредени во судирите со израелските сили во Ерусалим и преку Западниот брег во последните 24 часа, а 500 од нив беа примени во болници , пренесува АП.

Милитантите во Газа вчера започнаа ракетни напади врз областа Ерусалим, првпат по војната во 2014 година, што ја премина, како што рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, „црвената линија“. Тој рече дека борбите можат да продолжат уште некое време и дека кој ќе го нападне Израел ќе плати висока цена.

Ескалацијата на конфликтот започна вчера со протести пред џамијата Ал Акса во срцето на Стариот град во Ерусалим за време на одбележувањето на Денот на Ерусалим.

Последниот бран судири меѓу Палестинците и израелската полиција започна во петокот вечерта на планината Храмот во Ерусалим, свето место и за муслиманите и за Евреите.

Тензиите се зголемија и околу потенцијалното иселување на Палестинците од земја за која тврдат еврејските доселеници, а судот, кој требаше да донесе одлука по жалбите на палестинските семејства во понеделник, го одложи рочиштето закажано за нов датум во следните 30 дена.


Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија