24 Април, 2024
0.0268

НАРОДОТ ЈА САКА - и по 14 години власт Меркел останува најпопуларен германски политичар

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел и натаму останува најпопуларен германски политичар. 

И покрај неодамнешните тензии во коалицијата, кои дури се закануваа да ја соборат нејзината влада, канцеларката и натаму останува најпопуларен германски политичар, и по 14 години на кормилото на земјата. Поддршката на Меркел се засилила во јануари, покажува анкетата на ТВ АРД, што ја цитираше „Блумберг“.

Поддршката за Меркел се зголемила на 53 отсто, шест поени повисоко од претходниот месец, додека рејтингот на нејзината наследничка како шеф на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и актуелен министер за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, е само 23 отсто.

Крамп-Каренбауер беше избрана за нов лидер на ЦДУ во декември 2018 година откако Меркел се повлече од функцијата, но се чини дека сè уште нема голема поддршка кај Германците, судејќи според резултатите од анкетата на АРД. АРД интервјуираше 1.506 лица по телефон од 7 до 8 јануари.

Меркел вети дека ќе остане канцелар до 2021 година, и покрај напуштањето на партиското место по лошиот резултат на нејзината партија на изборите за регионални парламенти.

Исто така, имаше шпекулации дека Меркел ќе се повлече од функцијата канцелар по навестувањето на Анегрит Крамп-Каренбауер за ревидирање на договорот за коалиција помеѓу ЦДУ / ЦСУ и социјалдемократите. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија