23 Април, 2024
0.0270

Народната банка потпиша меморандум за соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) склучија меморандум за соработка насочен кон унапредување на размената на податоци и информации поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор. Како што беше истакнато на денешната средба на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, и претседателот на КЗК, Владимир Наумовски, натамошното ефективно јакнење на конкуренцијата во оваа сфера би довело до подобри услови за корпоративниот сектор и за населението како корисници на банкарските услуги и производи, како и до проширување на лепезата производи што ги нудат банките, под конкурентски услови. Токму тоа е и основниот мотив за склучувањето на меморандумот со којшто попрецизно е дефинирана соработката помеѓу двете институции на ова поле.

„Со меморандумот е регулирана размената на податоци и информации помеѓу двете институции при постапките коишто ги води КЗК, а коишто се поврзани со една или повеќе деловни банки, при изготвувањето анализи за нивото на конкуренцијата во банкарскиот сектор и при изготвувањето измени во подзаконската регулатива во надлежност на Народната банка. Предвидено е да се одржува и годишен состанок на којшто претставници од двете институции детално ќе ги разгледуваат анализите поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор и ќе разговараат за повеќе важни прашања, а доколку е потребно може да се одржуваат и повеќе состаноци годишно. Меморандумот содржи и одделни одредби коишто се однесуваат на едукација на вработените во Народната банка и во КЗК во областа на заштитата на конкуренцијата“, информираат од Народна банка.

Кон завршницата на денешната средба, Ангеловска-Бежоска и Наумовски истакнаа дека натамошната соработка помеѓу Народната банка и КЗК ќе придонесе за постојано зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите