19 Април, 2024
0.0568

НАРОДНА БАНКА ГО КАЖА ОНА ШТО СИТЕ ГО ЗНАЕЈА - банките повторно екстра профитабилни, во првиот квартал добивка од над 42 милиони евра

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Бројот на банки можеби се намали, ама тоа не важи и за банкарските профити. Напротив, тие не престануваат да растат од квартал во квартал, од година во година. Ако некој сектор е секогаш навистина профитабилен, тоа дефинитивно е банкарскиот.

Најновите податоци на Народна банка на Македонија говорт дека во првиот квартал од годинава банките продолжуваат да го трупаат својот заеднички профит, иако не е дека тоа некој не го знаеше, бидејќи најголемиот број банки котираат на Берзата, и веќе ги објавија своите поединечни тримесечни резултати, кои говорат за значаен раст на профитите, впрочем како и секогаш досега.

Во првото тримесечје од годинава домашните вкупно 13 банки оствариле вкупен профит од 42,6 милиони евра, што е пораст за над 10 милиоони евра во однос на резултатот од првиот квартал лани, кога заедничкиот профит беше на ниво од 32,2 милиони евра.

Она што треба да се спомене е дека на крајот на првото тримесечје лани во земјава функционираа 14 банки, за разлика од сега кога на банкарската сцена постојат 13 банкарски институции, иако не станува збор за губење на банкарска супстанца, бидејќи се споија две банки, односно Охридска кон Шпаркасе банка, со што една голема и една средна банка, сега функционираат како една голема банка.

Инаку, ако се гледа првиот квартал од годинава, може да се забележи дека големата банкарска петорка и натаму е најпрофитабилна, а сега и уште повеќе од претходно, па така, таа реализирала вкупни добивки од дури 39,1 милиони евра или речиси целиот профит од сите банки. Во првите три месеци лани, пак, големите банки имаа освоено вкупен профит од 28 милиони евра.

Додека, пак, се бележи намалување на профитабилноста на средните банки, и сега таа изнесува 2,6 милиони евра, наспроти 3,5 милиони евра во однос на истиот период лани, при што, како што веќе спомнвме, треба да се има предвид дека сега имаме пет мали банки, наспроти шест во истиот временски таајминг лани.

Кај трите мали банки, пак, вкупниот профит за првиот квартал лани достигнал близу еден милион евра, откако лани во тој период овие три банки имале вкупни добивки од 667 илјади евра.

Ако сакаме да видиме што ги зголеми банкарските добивки, можеме да согледаме дека најголемата разлика е кај трошоците за исправка на вредноста, што значи дека банките имале многу помалку расходи за резервации за лоши кредити, или за да биде појасно, кредитокорисниците повеќе си ги враќале своите заеми, што значи помали трошоци за банките. Па така, во првиот квартал од годинава, за исправка на вердноста на финансиските средства банките направиле вкупен трошок од девет милиони евра, наспроти 15,3 милиони евра за првите три месеци лани, што е најголемото отстапување, се разбира во позитива, ако се гледа заедничкиот биланс на успех.

Сите други трошоци, пак, се зголемени, и тоа оние за варботените, од 20 на 23 милиони евра, а се зголемиле и трошоците за амортизација, како и останатите расходи од дејноста.

На приходната страна, пак, растат сите приходи. Нето приходите од камати во првиот квартал од годинава достигнале дури 65 милиони евра, или пет милиони евра повеќе во однос на истиот период лани. Или во превод, банките и натаму прилично добро заработуваат од разликите во каматите на кредитите што ги наплатуваат и оние на штедните влогови што им ги плаќаат на штедачите.

Зголемување за над два милиони евра има и кај нето приходите од провизии надоместоци, што говори дека банките не планираат да го намалат овој свој приход, кој во првиот квартал од годинава изнесувал 23,3 милиони евра.

За речиси двојно пораснале и нето приходите од курсни разлики, а зголемување има и кај останатите приходи од дејноста.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин