Напуштила немоќно дете: Кривично ќе одговара мајката на оставеното новороденче во Топанско поле
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2019
Напуштила немоќно дете, затоа мајката кооја е востановено дека е малолетна ќе одговара кривично.
Ова го соопштија од МВР откако е заклучено дека лицето со иницијали А.А (17) направила кривично дело.
Од соопштението на МВР се заклучува дека СВР ќе поднесе кривична пријава против мајката согласно делото кое е казниво по член 200 од Кривичниот законик. .
Стана јасно дека мајката своето машко новороденче го оставила на земја близу нејзината куќа на булевар „Македонско Косовска Бригада“.
Немоќното дете е најдено од страна на случаен минувач, а од Клиниката за детски болести по направениот преглед констатирале дека новороденчето се наоѓа во добра здравствена состојба.