29 Март, 2024
0.0236

Напредни Лозари: Мизерно- евтина суровина за производство на скапи вина

Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Денес преку социјалната мрежа Фејсбук, здружението „Напредни Лозари“ од Кавадарци ја повика власта, но и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, итно и урегентно да се превземат потребните мерки за подобрување на откупните цени на грозјето, бидејќи на повидок е лозарско-винска катастрофа во тиквешевијата.

Здружението во своето соопштение на фејсбук пишува и дека скоро три децении поминале, откога лозарите биле задоволни од откупот на грозјето, но исто така и дека нивиот род се откупува по мизерно евтина цена, за прозводство на скапи вина.

„Изминаа цели 29 години од како лозарите за последен пат се почувствуваа задоволни со откупот на нивниот производ. Поточно, да се потсетиме на 1990 година, кога претседател на владата на тогашната СФРЈ беше Анте Марковиќ. Да се потсетиме во оваа прилика за тоа дека таа веќе далека 1990 година за килограм откупена смедеревка се плаќаа фантастични седум и над седум конвертибилни динари, односно над една германска марка (читај евро). Пандан на таа откупна цена на смедеревката се 60 денешни денари за килограм смедеревка.
Од тогаш навака, откупот на грозјето стана најголем проблем за лозаропроизводителите и од година за година овој проблем, за жал, се повеќе нараснува, та во овој момент е дојден до точка на вжештување, точка на вриење, по која точка, доколку не се превземат вистинските чекори проблемот ќе се излие како лава од штотуку еруптиран вулкан, односно, најверојатно ќе резултира со фијаско на лозарската, а со тоа и на винската приказна во Тиквешијата и пошироко во Македонија“, пишува здружението.







Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи