25 Април, 2024
0.0282

Наплив на трговски центри. Кој ќе купува во нив?

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Изградбата на трговски центри во Македонија стана вистински тренд во последните неколку години. Рамстор, Соравија, Сити галери, Веро, Зебра, Лумикс, се појавуваа година за година. Последното отворање на грандиозниот трговски центар Скопје сити мол и изградбата на уште еден трговски центар во Аеродром, инвестиција вредна 55 милиони евра на бизнисменот  Ајдован Адемовски, го наметна прашањето, дали во време на криза е помалку ризично и поисплатливо да се инвестира во трговски центри, особено кога се знае дека со околу 4 илјади евра годишна заработка, Македонците се на дното во Европа по куповната моќ.

Познавачите на состојбите коментираат дека инвеститорите се водат од тезата дека во земјава нема доволно трговски простор за да ги задоволи граѓаните. Во Скопје на секои 1.000 жители има 50 метри квадратни модерен трговски простор. Кај соседите состојбата е поразлична бидејќи само Белград има 100 метри квадратни,Софија 140 метри квадратни а Загреб 500 метри квадратни продажен простор за истиот број на жители. Аго Абазовски, директор на Градскиот трговски центар вели дека со ниту еден нов отворен трговски не им се намалил прометот, но тврди дека во моментот во земјава има повеќе шетачи отколку купувачи. “Досега никој трговски не се наметнал како конкуренција на ГТЦ, токму поради тоа што сме отворен тип, во близина имаме улици и шеталишта каде дневно поминуваат 25.000 потенцијални купувачи. Но, факт е дека многу нови центри отидоа во аут заради тоа што нудат високи цени за закупнина. Во ГТЦ има многу локали празни, ама тоа е поради алчноста на сопствениците кои ги билдаа цените на производите“, вели Абазовски. Генералната оценка е дека постоечките трговски центри не работат со полн капацитет, но цените за изнајмување на простор не се драстично намалени. Околу 25 евра за метар квадратен чини закуп во Градскиот трговски центар, додека неофицијалната бројка за Скопје сити мол е 40-тина евра за метар квадратен, плус комуналии и уредување на простор. На што се темели исплатливоста на овој бизнис? Бројките кажуваат дека инвестициите во трговски центри вредат неколку стотици милиони евра, при што само изградбата на Скопје сити мол чинеше 70 милиони евра. Во Сојузот на стопански комори објаснуваат дека никој инвеститор кој вложува милиони евра на одреден пазар, не го прави тоа без претходна добра анализа на потрошувачките навики на граѓаните. “Кај нас имате дуќанчиња и некои таканаречени трговски центри градени во 90-тите години, ама вкусот на потрошувачот сменет и тој го бара најдоброто за своите пари. Нема да има крах на овој бизнис затоа што инвеститорите веќе носат регионални претставници на светските брендови и целат кон регионални купувачи.Е, сега, кризата може да предизвика застој, но не и крах. Значи ако не дојде за пет години очекуваниот профит може да дојде за десет, но сепак ќе дојде“, вели Сеад Кочан, претседател на Градежна комора при ССК. Сепак, пресметките кај одредени инвеститори не се поклопија па решија планираната изградба да ја одложат за подобри времиња. Тоа го направија инвеститорите Газит глоуб, кои требаше да градат трговски центар на локацијата кај поранешна Алумина, но и Меркатор кој требаше да гради супермаркет во близина на спортската сала Борис Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг