Напаѓачот од Германија го убил своето семејство
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2020
Напаѓачот во Германија, застрела шест члена на сопственото семејство, па повика полиција.
Во куќата и зад неа, пронајдени се тела на шест лица, тројца мажи (36, 65 и 69 години) и три жени (36, 56 и 62 години).
Германската полиција обелодени детали од денешното пукање во градот Рот ам Зе, наведувајќи дека 26-годишен маж ги застрелал своите родители и уште четири членови на своето семејство со полуавтоматска пушка, а потоа ја повикал полицијата и чекал да го уапсат, пренесува српски „Телеграф“.
Во пукањето во градот на југозападот од Германија се ранети и две лица, од кои едно од нив е во животозагрозувачка состојба.
Осомничениот се заканувал и на деца на возраст од 12 и 14 години, но тие не се повредени.
Рот ам Зе се наоѓа на околу 170 километри северзозападно од Минхен и на 135 километри југоисточно до Франкфурт.