25 Април, 2024
0.0266

НАПАДНАТИ СЕВЕРЕН ТЕК 1 И 2, ЕКСПЛОЗИИТЕ СЕ ПОД МОРЕ? „Ако е саботажа ќе следи страшен одговор“, се закани Европа

Објавено во: Свет 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Гасоводот „Северен тек“ можеби е оштетен од подводни експлозии, Европа истражува и најавува најсилен можен одговор доколку се работи за саботажа!

Европските земји започнаа истрага за два необјаснети инциденти со истекување гас од руските гасоводи под Балтичкото Море во близина на Шведска и Данска. Овие гасоводи ја претставуваат инфраструктурата која е во центарот на енергетската криза од почетокот на војната во Украина.

Неколку европски функционери изјавија дека можната причина за истекувањето е саботажа, а таа можност не ја исклучува ниту Русија која ги изгради гасоводите, пренесува Си-Ен-Ен. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека смета дека се работи за саботажа. Таа на Твитер напиша:

„Разговарав со други официјални лица за саботажата во близина на Северниот тек. Непосреден приоритет е да се истражат инцидентите за да се разбере што се случило и зошто. Секое намерно нарушување на активната европска енергетска инфраструктура е неприфатливо и повлекува најсилен можен одговор“, додаде таа.

Гасоводите Северен тек еден и два претрпеа голема штета од наводните подводни експлозии. Научниците потврдија дека во моментов има три места каде гасот истекува во Балтичкото Море, а околу гасоводот се воспоставени пет милји превентивни зони без пристап. Тие се наоѓаат на длабочина меѓу 70 и 90 метри под вода, а дупките, според данските медиуми, не се слични на штетата што би ја добиле од несреќен удар со сидро или сличен предмет. Последиците не се само економски, бидејќи цената на гасот веднаш скокна, туку постои и голема грижа за животната средина.

Норвешкиот министер за енергетика Терје Асланд изјави дека првичните информации за протекувањето укажуваат на „акти на саботажа“, додека премиерките на Шведска и Данска, Магдалена Андерсон и Мете Фредриксен изјавија дека е можно инцидентот „намерно да бил испровоциран“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, даде кратко соопштение за истекување гас од руските гасоводи.

„Во овој момент, ниту една причина не е исклучена“, рече тој.


Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница