НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Maж избоде две лица во Бон
Објавено во: Свет 04 Септември, 2024
Напаѓач со нож избол маж и жена во Германија.
Полицијата во градот Бон застрелала маж кој претходно со нож повредил две лица.
Напаѓачот починал во болницата. Повредени се жена (43) и маж (32). На местото на нападот им била укажана помош. Во написите на локалните медиуми се наведува дека напаѓачот и жртвите се познавале и дека конфликтот настанал како резултат на расправија.
Неодамна имаѓе два напади во Германија.Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија на 31 август. Нападот се случи во автобус во Зиген.
Една седмица претходно се случи напад со нож во градот Солинген, исто така во западна Германија, кога напаѓач уби три, а повреди осум лица. Нападот го изврши 26-годишен Сириец, кој е во притвор.