НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Викал „Алаху акбар“ и убил полицајка
Објавено во: Свет 23 Април, 2021
Терористички напад се случи во Франција.
Маж со нож избоде и уби полицајка, во полициската станица во близина на Париз, по што него го убиле другите полицајци, пишува весникот Фигаро.
Напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“. Инцидентот се случил денеска околу 14.20 часот, наведува полициски извор и додава дека и жртвата и напаѓачот се мртви. Тој би државјанин на Тунис, а во Франција дошол во 2009 година.
Француската антитерористичка полиција денеска покрена истрага за смртоносниот напад со нож на полицајката. Шефицата на парискиот регион, вели дека нападот може да се карактеризира како тероризам.
„Франција изгуби една од секојдневните хероини во варварски гест на бескраен кукавичлук“, рече премиерот Жан Кастекс.
Напаѓачот бил Тунижанец кој во Франција престојувал легално, а не бил познат на француските сигурносни агенции.
Кон крајот на март имаше напад во Франција. Маж го пресече грлото на пензионер во близина на црква во Монпелије.Претходно, исламски терорист му ја пресече главата на професор во Париз.
И францускиот преседател Емануел Макрон изјави дека во државата има места кои се легла на терористи.