Наместо Вучиќ, Тачи зад Путин на прославата во Париз
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2018
На прославата на 100-гопдишнината од Првата светска војна Србија бурно реагира затоа што нејзиниот политички лидер, претседателот Александар Вучиќ, не бил во првите редови заедно со Донаплд Трамп, Ангела Меркел, Емануел Макрон и Владимир Путин.
Покрај тоа, во вториот ред зад светските лидери се нашол претседателот на Косово, Хапим Тачи. Ова уште повеќе го навредило Вучиќ, кој потоа доби извинување од францускиот амабасадор во Белград.
- Не станува збор за азбучен ред, бидејќи во тој случај таму ќе се најдеше Хрватска. Ова е неправда, бидејќи додека Србија рамо до рамо со Франција и Велика Британија војуваше во Првата светска војна, некои држави тогаш не ни постоеја, а добија најдобра позиција во вториот ред - рече Вучиќ.
Амбасадорот Фредерик Мондолони, пренесуваат српските медиуми, се јавил со порака во јавнсота по избиениот скандал.
- Франција го признава делото на Србија, која загуби 62 отсто од возрасната машка популација во таа војна. Можеби Тачи само случајно се нашол во фокусот на камерите - изјави амбасадорот.