19 Април, 2024
0.0262

Намален бројот на жалби по јавните набавки

Објавено во: Економија 08 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Бројот на жалби по јавните набавки минатата година е намален во споредба со изминатите години, покажува годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Претседателката на Комисијата Маја Малахова на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет информира дека минатата година постапиле по 561 жалба што е намалување во однос на 2011 година кога имало 690 жалби или во споредба со 2010 година кога Комисијата постапила по 868 жалбени предмети.

- Според податоците добиени од Бирото за јавни набавки, минатата година биле објавени 11.689 огласи за јавни набавки. Од нив жалбени предмети биле 561 или само во 4,80 проценти биле обжалени предметите објавени како јавни набавки, рече Малахова.

За концесии се објавени 13 огласи и за нив имало четири жалби, а за јавно-приватно партнерство имало 10 објави за кои имало само една жалба. Вредноста на жалбените предмети изнесува околу 12 милијарди денари.

Бројот на одбиени жалби, како што оцени Малахова, се намалува во поглед на бројот на уважени жалби и најмногу се користи отворената постапка, а најмалку постапката со преговарање без објавување на оглас.

Комисијата побара дел од уплатените средства од кои се зема надоместок за водење на жалбената постапка и административна такса да се уплатуваат на сметка на државната комисија, а предлага да се направат и законски измени во делот на негативната референца.

Според претседателот на собраниската Комисија Маријанчо Николов, треба да се зголеми финансиската независност на Комисијата за жалби по јавни набавки затоа што сегашниот модел на финансирање од Буџетот на Република Македонија ја ограничува нејзината работа како независно регулатно тело. Предложи и следење на целосната реализација на постапката за јавни набавки бидејќи, како што посочи, честопати се случува најниската цена поради која е избрана некоја понуда за најповолна, да биде зголемена со анекс договори.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб