29 Март, 2024
0.0269

НАЌЕ ЧУЛЕВ НА ГОСТИ КАЈ МИТКО ЈАНЧЕВ - се обновува ли старата партиска врска

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Се доближува ли повторно кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев до актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска на гости вo oпштина Кавадарци дојде техничкиот министер за внатрешни работи, кој во Владата е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и е човек од доверба на сегашните први луѓе на сега опозициската партија. 

Јанчев преку фејсбук соопшти дека Чулев бил во посета на Кавадарци, каде разговарале за актуелни теми. 

„Денес во посета на Општина Кавадарци беше техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев. Министерот откако беше на терен низ град Кавадарци , го посети и кабинетот на Градоначалник м-р Митко Јанчев. На средбата се разговараше за актуелните теми кои го засегаат граѓанското општество како и за состојбата во која се наоѓа Општина Кавадарци. Министерот се запозна и со реализираните проекти на општината кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните.

А од фотографиите што ги сподели Јанчев на фејсбук, може да се види дека атмосферата меѓу нив двајца е исклучително пријателска, што може да се забележи од нивните насмеани лица на фотографиите.

Дали ова значи дека Јанчев, чии односи со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, особено со лидерот Христијан Мицкоски, претходно беа исклучително оладени, а за него во партијата тврдеа дека се зближил со ривалската СДСМ, сега повторно се затоплени, е прашањето што се поставува. И дали ова им оди во прилог на шпекулациите кои се појавија во јавноста деновиве, а тие се дека Јанчев на претстојните парламентарни избори ќе и даде поддршка на својата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, од која никогаш не ни излезе, туку само беше исклучен од нејзините раководни органи. 

Прочитајте го интервјуто на Митко Јанчев за Фактор дадено на 4 октомври 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите