02 Декември, 2022
0.0264

„НАЈТАЖНАТА“ СЛИКА ОД ПРАГА, ВУЧИЌ ОСТАНА ОСАМЕН - светските лидери весело си прикажуваат, но не го дружат српскиот претседател

Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Иако ги претставува како свои пријатели, светските лидери баш и не сакаат да се дружат со српскиот претседател Александар Вучиќ, пишува српскиот медиум Нова.рс.

Шефот на српската држава вчера пристигна во Прага за, како што објавија српските медиуми блиски до власта, да им ја „исцица вистината од лицето“ на европските лидери. Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Вучиќ ќе биде „сам против сите“ и дека ќе ја покаже „сета сила на своите аргументи“ на самитот на европската политичка заедница.

„Демонстрацијата на аргументи, судејќи според снимката од Прага, заврши не како што очекуваше претседателот. Иако тврди дека е добредојден гостин и пријател на светските лидери, тие очигледно не сакале да се дружат со него, па Вучиќ слободното време го поминувал сам, на паузите меѓу важните состаноци“, пишува Нова.рс.

Ниту пријателот Ердоган, ниту „братот“ Орбан, ниту Макрон, ниту претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, не се сетија да го поканат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да им се придружи, објави порталот.

Погледнете ја тажната сцена од самитот во Прага.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествува на дводневниот самит на Европската политичка заедница во Прага.

Како што е најавено, на состаноците ќе се разговара за војната во Украина и нејзините последици за Европа.

Состанокот на европските лидери во главниот град на Чешката Република претставува чекор кон официјализирање на идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање европска политичка заедница. Јавноста дозна дека имало идеја да се создаде ваква организација уште во јуни, а судејќи според содржината на документите до кои имала пристап „Нова“, Србија нема да може да стане членка на ЕПЗ доколку не воведе санкции за Русија.

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес во Босна - се стресе и Далмација

Земјотрес во Босна - се стресе и Далмација

Хрватски ученици кои до смрт претепаа професор добија по 2-3 години затвор

Хрватски ученици кои до смрт претепаа професор добија по 2-3 години затвор

Османи ја обвини Русија за злонамерно влијание на Западен Балкан

Османи ја обвини Русија за злонамерно влијание на Западен Балкан

Вучиќ го нарече Курти терористичко ѓубре

Вучиќ го нарече Курти терористичко ѓубре

Koлкави плати земаат Црногорците?

Koлкави плати земаат Црногорците?

Српската „ШЉИВОВАЧА“ светско добро: УНЕСКО го вклучи овој пијалак на листата на светско културно нематеријално наследство

Српската „ШЉИВОВАЧА“ светско добро: УНЕСКО го вклучи овој пијалак на листата на светско културно нематеријално наследство

ПРОФЕСОРКАТА ОД ТРСТЕНИК ОТКАКО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ИЗБРКАНИ: Училиштето ќе биде помирно и побезбедно место

ПРОФЕСОРКАТА ОД ТРСТЕНИК ОТКАКО УЧЕНИЦИТЕ СЕ ИЗБРКАНИ: Училиштето ќе биде помирно и побезбедно место

Претресена е јахтата на кумот на Путин во Хрватска

Претресена е јахтата на кумот на Путин во Хрватска

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БИЛ РОДЕНДЕНОТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ ДЕНИС - неговиот брат ќе му ги посвети сите победи

ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БИЛ РОДЕНДЕНОТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ ДЕНИС - неговиот брат ќе му ги посвети сите победи