28 Март, 2024
0.0301

Најсвирепиот убиец Хаџиски од апелација доби потврда за 20 години затворска казна

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Апелација ја потврди  првостепената пресуда од 20 години затвор на Миле Хаџиски кој е осуден на 20 годишна затворска казна за убиството на  Мери Јошевска, кое се случи во јуни 1993 година во Скопје.

Основниот суд Скопје 1 го осуди Хаџиски на 20-годишна затворска казна лани во декември, во повторен судски процес, бидејќи обвинетиот повеќе од 20 години беше во бегство пред да биде уапсен и екстрадиран во земјава од француските власти.

„Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја достави пресудата со КЖ број 626/16, со која ја потврди првостепената пресуда на Кривичниот суд К.бр 2927/15 против обвинетиот М.Х. за кривичното дело убиство по член 37, став 2, точка 1 и 4 од Кривичниот законик, сторено 18 јуни 1993 година, во Скопје. Со второстепената пресуда, Апелацискиот суд ги одбил жалбите на обвинетиот М.Х. изјавена преку неговите бранители и жалбата на неговата мајка, како неосновани и во целост ја потврди првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1 – Скопје од 14 декември 2015 година, со која обвинетиот М.Х. судот го огласи за виновен за кривичното дело убиство и го осуди на казна затвор во траење од 20 години“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Које е Миле Хаџиски ?

Миле Хаџиски во 1993 година, кога имаше само 21 година ја уби Мери Јошевска нанесувајќи и 40 убоди со нож по целото тело. Тоа беше едно од најсуровите убиства во Македонија кое се случи на 18 јуни 1993 година на булеварот „АВНОЈ“ бр. 104 во Скопје. Расправијата меѓу Хаџиски и Јошевска почнала напладне во нејзиниот стан. Тој најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по глава. Потоа со кујнски нож почнал да ја боде во пределот на главата и стомакот. Од здобиените повреди Јошевска починала на лице место.  Увидот покажал дека и на паркетот имало траги од силината на ударите со нож што ги оставил убиецот.

Хаџиски потоа зел неколку парчиња златен накит и го напуштил станот, оставајќи ја Јошевска да почине. Според полицијата, убиството било извршено со умисла, на свиреп начин и од користољубие. 

Тој од Македонија избега во 1995 година и во отсуство надлежните  му изрекоа казна од 20 години затвор.

Засолниште Хаџиски потоа побарал во Легијата на странците, а во меѓувреме го смени идентитетот и стана Зоран Томановиќ. 

Во повторениот судски процес, кој почна лани во октомври, Хаџиски негираше вина за убиството на Јошевска и велеше дека не се сеќава на ништо.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење