НАЈНОВИ АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ОД САД: Млади меѓу 20 и 30 години со тешка форма на болеста завршуваат на интензивните одделенија зошто се невакцинирани
Објавено во: Свет 05 Август, 2021
Американските
медиуми пренесуваат дека голем број млади невакцинирани лица завршуваат на
одделенијата за интензивна нега ширум болниците во САД зошто се невакцинирани.
Според лекарите, станува збор за луѓе на возраст од 20 до 30 години кои многу
брзо се заразуваат и потоа добиваат сериозни симптоми и тешка клиничка слика,
но за ваквата состојба допрва ќе се прават научни истражувања.
Инаку, според наводите на Њујорк Тајмс, 28-годишен пациент неодамна починал од вирусот во болница во Спрингфилд. Минатата недела, 21-годишен студент бил примен на Одделение за интензивна нега. Многу пациенти кои се моментално хоспитализирани во САД поради компликации на Ковид се помлади од 50 години и заедничко за сите е што не се вакцинирани.
Инаку, според податоците, помалку од половина млади Американци не се вакцинирани, а од најголемиот број хоспитализирани пациенти во САС, дури 97%, се невакцинирани.