Најмногу „увезени“ ковид случаи од Албанија
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020
Министерот за
здравство, Венко Филипче посочи дека анализата на дистрибуцијата на
потврдените случаи во земјава, според начинот на стекнување на болеста,
покажува дека најголем дел од инфицираните се преку локален пренос на
инфекцијата. Сепак, како што рече,
по отворање на границите има вкупно 414 „увезени“ случаи од неколку земји од Европа.
– Најголем број импортирани случаи во земјава се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија – 41, Косово – 24, Бугарија – 22, Турција – 20, Грција – 18 и Австрија – 15 случаи, информирапе министерот Филипче на прес-конференцијата.