НАЈМНОГУ СЕ ТРОШИ ЗА ХРAНА: Синдикалната минимална кошничка сега чини 33.650 денари
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2021
Синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари.
Со една просечна плата не може да се покрие минималната кошничка. Ниту со две минимални плати не може да се задоволат основните потреби на едно семејство од четири члена. Најмногу се троши за храна, а најмалку за здравјето. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) објави дека на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.021,96 денари, на домување 10.817,34, на хигиена 2.375,68, на превоз 2.483,93, на облека и обувки 2.157,25, на култура 1.067,86, a на одржување на здравјето 726,25 денари. ССМ потсетува дека просечната нето-плата во ноември лани била 27 588,00 денари. Тогаш, вредноста на Синдикалната минимална кошничка била 33.742,10 денари.
И трошоците за живот пораснале во однос на минатата година.