Најмладиот од шесторицата починати има 36 години
Објавено во: Македонија 04 Јули, 2020
Тројца од починатите шесторица во последното деноноќие се пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје кој имал 63 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје, едниот 59 години, другиот 63 години и еден пациент од Штип кој имал 36 години.
Во болницата во Штип е починат пациент од Берово кој бил 69 години, во Куманово пациент кој бил 78 години.