Најмладиот имал 50 години, петмина од починатите се од Скопје
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020
Во последното деноноќие од компликации предизвикани од Ковид-19 починале седум лица. Од нив пет пациенти се од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
Двајца од починатите, битката ја изгубиле на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Едниот бил 50 години, другиот 70 години.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
До денеска од коронавирусот во земјава починаа 341 лице.