Најмалите се поотпорни на коронавирусот - што е со адолесцентите?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Септември, 2020
Најмалите се поотпорни на коронавирусот.
Тие имаат 44 отсто помали шанси да се заразат со коронавирус.
Ова го покажало истражувањето кое го направиле тим научници предводени од претседателот на Британскиот кралски колеџ за педијатрија и здравје на децата.
Тие направиле преглед и анализа на 32 студии и откриле дека децата и адолесценттие помлади од 20 години имаат 44 отсто помали шанси да развијат секундарна инфекција со SARS-CoV-2 отколку луѓето постари од 20 години, пренесува „Ројтерс“.
Но, адолесцентите се чини дека се приближно подложни како возрасните.
Во светот има над 33 милиони заразени луѓе од коронавирусот.