24 Април, 2024
0.0292

Најголемиот работодавач во Македонија им ги укина бонусите на вработените

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемиот работодавач во Македонија, Кромберг и Шуберт, одлучил на своите вработени да не им ги исплаќа бонусите за работа, односно да им ја плаќа само нето-платата. Револтирани работници до „Фактор“ реагираат дека иако работат со полна ефективност, наградите не можат да ги добијат како што тоа се правело порано за остварените таргети.

Произведувачот на кабалески снопови за возила во 2019 имаше 6.458 работници, додека изминатиот период тој број се намали на 5.028. Странскиот инвеститор во индустриската зона „Жабени“ наедно е корисник и на мерката од државната помош за исплата на 14.500 денари по работник.

„Во периодот на прекинот на производството, вработените останаа во работен однос и им беше исплатен соодветен надомест на плата. Напоменуваме дека од започнувањето на кризата компанијата работи со намален обем и се соочува со голема неизвесност од клиентите, односно производството се планира од ден за ден бидејќи продажбата на возила во Европа е драстично намалена и во моментов нема најави за подобрување, земајќи ги во предвид најавите за втор пик на вирусот на есен.

Изминатите четири месеци поминавме низ период кога реално доаѓаа на работа 1000, 2000 или 3000 луѓе, а плата земаа околу 5000 вработени што е голем финансиски предизвик за компанијата. Бидејќи работиме со големи загуби и сеуште не е стабилизиран производниот процес, привремено е паузирана исплатата на бонусите. По надминувањето кризата и остварување на позитивни резултати, бонусите ќе бидат вратени бидејќи истите се поврзани и зависат од успешноста на резултатите во компанијата. Веруваме дека сите се свесни дека во оваа криза кога многу компании не можат ни да исплатат основна плата, не може да се очекува дека Кромберг и Шуберт нема да биде афектиран и ќе биде во можност да исплаќа и бонуси. Секако дека би сакале да е така, меѓутоа, за жал не е, и ние како и целокупната економија се бориме да задржиме што повеќе работни места во компанијата, меѓутоа сме тесно поврзани и зависиме од глобалните синџири на снабдување од кои зависи и нашиот обем на работа“, гласи одговорот од управата што го добивме.

Германската компанија по 40 дена комплетен прекин на производниот процес, на крајот на април започна со постепено рестартирање на производството согласно обемот на работа. Од управата на Кромберг и Шуберт велат дека ваквиот потег се должи на тоа што во моментов произведувачот работи без добивка.

„Кромберг и Шуберт и покрај ваквата сериозна ситуација и погоденоста од кризата, продолжува да обезбедува бенефити за вработените, организира редовно превоз и храна и ги има превземено сите заштитни мерки за да го сочува здравјето на вработените и јавното здравје“, велат од управата.

Кромберг и Шуберт во 2019 беше трета компанија со најголеми приходи од 248,3 милиони евра, но со добивка од само 4,3 милиони евра. Резултатот за 2020 се очекува да биде евидентно погоден поради кризата со производството на автомобили на европските пазари. Особено засегнат е секторот кој произведува за луксузните автомобили, поконкретно за „Ауди“.

„Дополнително, остануваме посветени да ја задржиме мотивацијата и да бидеме добар пример во заедницата заради што донесовме одлука да придонесеме во борбата против Ковид19 и дониравме опрема која беше потребна за доопремување на молекуларната лабораторија во Центарот за јавно здравје, со што Битола стана единствен друг град во државата покрај Скопје каде се вршат тестирања за утврдување присуство на овој вирус“, додаваат од таму.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?