НАЈЧЕВСКА СО ПОРАКА: Ако Албанците не го столчат ДУИ на избори, уште долго ќе останат заглавени
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020
Професорката Мирјана Најчевска им порачува на Албанците во земјава дека треба на следниве избори да го столчат ДУИ, а ако не ќе останат заглавени на подолг период.
Ова следува откако ДУИ ја стартуваше кампањата за Албанец премиер, по роденденската желба за партијата што ја посака лидерот Али Ахмети.
„Ова е единствената кампања која може да ја води ДУИ.
Што друго може да понуди?
Може да посочи некое посебно подобрување на животот на Албанците во Македонија како резултат на 20 години владеење?
Образованието на албански јазик го подигна нивото на знаење на учениците и студентите?
Нагло се подобри животот во општините водени од градоначалници - Албанци?
Има помало иселување на Албанците од Македонија?
Се намножија некорумпирани судии?
Во администрацијата влегоа професионалци наместо партиски војници?
Се зголеми сигурноста на живеење во албанската заедница?
...?
Според мене, ако сега на овие избори Албанците во Македонија не го столчат ДУИ и не го исфрлат ако не за секогаш тогаш барем на подолг период од политичката сцена, ќе си останат заглавени во селскиот нужник во кој моментално се наоѓаат“, напиша на фејсбук професорката Најчевска.