Се спојуваат МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп со ВИНЕР Осигурување - Виена Иншуренс Груп АД Скопје
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022
Најавено е спојување на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп со ВИНЕР Осигурување - Виена Иншуренс Груп АД Скопје. Информацијата е објавена на бев сајтот на Македонска берза.
Во согласност со Глава 6 од Правилата за котација, известуваат дека се работи за ценовно чувствителна информација.
„Ве известуваме дека на ден 06.10.2022 година Претседателот на надзорниот одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп до Управниот одбор на Друштвото, достави информација во врска со започнување на процес за евалуација на можност за спојување на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп со ВИНЕР Осигурување - Виена Иншуренс Груп АД Скопје. Информацијата која Претседателот на надозниот одбор ја достави до Управниот одбор е со следниот текст и содржина:
"Почитуван Претседател на управен одбор, почитувани Членови на управен одбор
Ве информираме дека Управниот одбор на Vienna Insurance Group Wiener Versicherung Gruppe одлучи да започне процес за евалуација на можност за спојување на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп и ВИНЕР Осигурување - Виена Иншуренс Груп АД Скопје. Во врска со евалуација на можноста за спојување на друштвата ќе се состави тим со Ваше учество. Габор Лехел, Претседател на надзорен одбор на МАКЕДОНИЈА Осигурување АД Скопје - Виена Иншуренс Груп".
Детали на следниот линк.