08 Декември, 2024
0.0273

НАФТЕНИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПОКАЖА КОЈ Е КОЈ ВО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС - „Макпетрол“ со приходи од 377 милиони евра и чиста добивка од 13 милиони

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Кога зборуваме за гиганти во македонската индустрија, не ги гледаме само нивните чисти добивки, туку пред се приходите што ги остваруваат од основната дејност. Приходите од оперативното работење, или подобро речено од кор бизнисот на одредено акционерско друштво, најдобро говорат колку е тоа моќно и стабилно, и колку е перспективна дејноста со која тоа се занимава. Но, тоа не значи дека и конечните добивки не се битни показатели.

Да не должиме многу, станува збор за македонскиот нафтен гигант „Макпетрол“, кој за првите девет месеци од годинава оствари оперативни приходи од над 377 милиони евра, или прецизно 377,2 милиони.

Чистиот профит, пак, е одлични 13 милиони евра за трите квартали, бележејќи и солиден пораст од 18 проценти.

Резултат за почит на една компанија која и во не толку фантастични економски прилики во светот и државава, успева да работи екстра успешно.

Во однос на истиот период од минатата година оперативните приходи се зголемени за 2 проценти, говори Билансот на успех на компанијата, што укажува дека станува збор за стабилна приходна страна подолг период наназад.

Најголемиот дел од приходите, или 375 милиони евра, се всушност приходи од продажбата, а од нив пак, најзначајната сума отпаѓа на приходи од продажбата остварени на домашниот пазар, и тоа на износ од 369 милиони евр, што е зголемување за 4 проценти во однос на истиот период од минатата година.

Остварени се солидни приходи и на странските пазари, и тоа 5,5 милиони евра, но впечатливо е дека кај овој не толку значаен прилив има намалување за 47 проценти.

Компанијата затоа, пак, има пораст и одличен прилив од ставката останати оперативни приходи, од која се остварени 2,3 милиони евра, што е пораст за 3 отсто во однос на споредбениот период лани.

Што имаме на расходната страна? Оперативните расходи тежеле 365 милиони евра, или 2 отсто повеќе во однос на истиот период на минатата година.

Најголема ставка секако дека се трошоците за набавка на нафтените деривати, односно набавната вредност на трговските стоки, кои тежеле 324 милиони евра, и кај нив порастот е за 1 отсто.

Трошоците, пак, за суровини и други материјали во извештајниот период изнесувале 2,9 милиони евра, и кај нив има значајно намалување за 7 проценти. Поголема ставка, пак, биле услугите со карактер на материјални трошоци, достигнувајќи близу 10 милиони евра, и растејќи за 5 отсто во однос на истиот период од минатата година.

А, она со штпо компанијата особено може да се пофали, тоа е грижата за вработените и постојаното зголемување на нивните плати, но и доделувањето на награди и бонуси за успешно работење. Имено, на ставката трошоци за вработените компанијата исплатила над 22 милиони евра, што е пораст за одлични 8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Тоа говори дека или се зголемени платите, или има нови вработувања, или и едното и другото заедно, а тоа е добар знак за вработените во таа компанија.

Сето ова довело до оперативна добивка на компанијата од 11,4 милиони евра, што е одличен пораст за 15 отсто на овој резултат во однос на истиот период од минатата година. А, за чистата добивка да биде уште подобра, помогнал фактот што компанијата остварила фантастични финансиски приходи од 3 милиони евра, каде влегуваат приходи од вложувања, камати и курсни разлики, и каде зголемувањето во однос на истиот период лани е 28 проценти.

За разлика од нив, пак, финансиските расходи биле многу пониски, само триесетина илјади евра, и доброто е во тоа што тие се значајно, или за дури 74 отсто помалку во однос на истиот период од минатата година.

Сто ова прави првите девет месеци од годината „Макпетрол“ да ги заврши со одлична добивка од 13,1 милиони евра, што е зголемување за 18 отсто во однос на истиот период од минатата година. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат