28 Март, 2024
0.0356

НАФТАТА СТИГНА ДО РЕКОРДНИ ВРЕДНОСТИ: Трамп се повлекува чекор назад и готов на одлука во корист на Иран?!

Објавено во: Анализа 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги разгледува барањата за исклучување од економските санкции против Иран спрема секој поединечен случај, изјавил висок претставник на Стејт департментот. Ова претставува чекор назад од заканата на Вашингтон да воведе целосна забрана на увозот од земјата до 4 ноември, пишува весникот Wall Street Journal.

Купувачите на иранската сурова нафта беа ослободени од САД за да имаат повеќе време да ги ограничат своите нарачки.

Минатата недела "црното злато" достигна до рекордни вредности за последните години, откако американските власти дадоа знак дека ќе го ограничат иранскиот извоз побрзо од предвиденото и изјавија дека на сите земји и компании кои продолжуваат да купуваат иранска нафта, им се закануваат санкции .

„Подготвени сме да соработуваме со земји кои го намалуваат нивниот увоз од случај до случај“, рече директорот на Одделот за политика на Стејт департментот, Брајан Хук.

Според неговите зборови, санкциите против иранскиот автомобилски сектор и екстракција на некои метали ќе стапат во сила на 6-ти август, а оние против нафтената индустрија на 4-ти ноември, како што порано соопшти администрацијата.

И покрај сигналот на администрацијата, Хук повторно рече дека САД имаат за цел да ги намалат приходите од нафтата во Техеран на нула.

Сепак, Вашингтон веќе работи со земјите во Европа и Азија за да разговара за можно понатамошно дејствување. Според неговите зборови, досега се одржани најблиски консултации со Франција, Германија и Велика Британија. Сепак, тој одби да одреди кои земји или компании би можеле да имаат корист од олеснување на санкциите или веќе побарале такви санкции.

Европски претставници порано упатија критики кон одлуката на Вашингтон да се повлече од иранскиот договор и испратија сигнал за неподготвеност да се потчинат на плановите на администрацијата за ограничување на иранскиот увоз.

САД ги продолжија своите санкции против Иран во мај по објавувањето на нејзиниот излез од иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Според зборовите на Хук американска делегација од Стејт департментот и Министерството за финансии веќе посетила 13 држави во Европа и Источна Азија, за да ги предупреди локалните влади и приватниот сектор за опасностите од спроведувањето на бизнис со Иран. Според неговите зборови, над 50 меѓународни компании се посветени на напуштање на иранскиот пазар.

Американскиот претставник одби да каже дали организации во Индија или Турција - кои рекоа дека ќе продолжат да купуваат нафта од Исламската република, ќе бидат санкционирани некако.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот