Над 3.500 молњи во Грција - се очекува нова бура
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2019
Над 3.500 молњи во текот на вчерашниот ден се регистрирани низ цела Грција. Невремето „Адиносос“ коешто ја зафати земјата се очекува да продолжи до среда. Органите за заштита и спасување го проследија предупредувањето од метеоролозите дека бурата што доаѓа се очекува да биде проследена со силен ветер, обилен дожд и грмежи.
Минатата недела имаше силно невреме во Грција.