19 Април, 2024
0.0267

Националната рамка на квалификации и дуалното образование

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Изминатиов период бевме фокусирани на потребата од воведување дуален систем на образование во нашата земја и стекнување релевантни квалификации според потребите на бизнис заедницата. Тоа поттикна неколку прашања:

1. Што значи релевантни квалификации?

2. Каде се систематизирани овие квалификации?

3. Колку сме информирани за Националната рамка на квалификации?

И следно прашање кое се наметнува е зошто, токму сега, се споменува Националната рамка на квалификации, односно која е нејзината врската со дуалниот систем на образование?

За да одговориме на прашањата треба да бидеме информирани дека Националната рамка на квалификации која е воведена во 2013 година, претставува национален стандард за воспоставување системот на квалификации стекнати во нашата земја.

Таа ги систематизира квалификациите во осум нивоа и дава прегледност и споредливост на истите.

Нејзината употреба придонесува за намалување на јазот помеѓу вештините што ги стекнале учениците и оние што ги бараат компаниите. Тоа значи, креирање на квалификации потребни на бизнис секторот за обезбедување квалификуван кадар што ја отсликува нивната релевантност, а истовремено, испорака на квалификациите преку системот на дуалното образование, стекнување знаења во училиште и практични вештини и компетенции на работно место во компанија.

Тоа се одговорите на прашањата, а посебно за врската помеѓу Националната рамка на квалификации и дуалниот систем на образование. Но, тоа е само една од нејзините придобивки за дуалниот систем на образование.


Затоа, тука се фокусирам на четири главни придобивки од Националната рамка на квалификации во воведувањето на дуалниот систем на образование:

1. Воспоставување рамнотежа помеѓу потребите на пазарот на работна сила и понудата на квалификации од страна на образованието и обуката - Образованието мора да има визија за предвидување на идните вештини и компетенции кои ќе се бараат на пазарот на труд и да креира квалификации кои ќе одговараат на потребите на бизнис заедницата. Потребите на бизнис заедницата се изразени преку резултатите од учењето (знаењето, вештините и компетенциите), а со читање на резултатите од учењето работодавачот добива сознание за компетенциите што ги поседува носителот на квалификацијата.

2. Визија за реформи и модернизација на системот за образование и обука - Неусогласеноста на потребите на пазарот на работна сила и понудата на квалификации од страна на образованието несомнено ја наложи потребата да се изнајдат соодветни решенија за обезбедување динамична економска иднина и поголема флексибилност на образованието. Тоа поттикна да воспостави нов процес за постигнување релевантни резултати од учење кој се реализира преку модуларизација на образовните програми во стручното образование и стандардизирање на она што треба да се стекне како знаење, вештини и компетенции преку воведување Стандард на занимање и Стандард на квалификација . Стандардот на занимање го претставува јазикот на којшто зборува бизнис заедницата и ги опишува функционалните задачи на занимањето и компетенциите потребни за извршување на занимањето, додека Стандардот на квалификација е јазикот на образованието, со кој се опишува како да се стекнат знаењата, вештините и компетенциите потребни да се извршуваат функциите и работните задачи на занимањето. Практични вештини се стекнуваат преку реализација на практична обука кај работодавач/компанија и претставува можност бизнис секторот да обезбеди квалитетен кадар, кој веднаш ќе се вклучи во работниот процес. Тоа го претставува дуалниот систем на образование.

3. Заедничка платформа на соработка и комуникација на образовните институции и бизнис секторот - Пред воспоставувањето на Националната рамка на квалификации единствени креатори на образовните политики беа Владата и образовните институции. Денес, преку дизајнирањето на нови квалификации и модернизирањето на постојните, значајна е улогата на бизнис секторот во стандардите на занимања и стандардите на квалификации за да ги искаже своите потреби за недостаток на човечки капацитет и квалификувана работна сила. Во овој процес, бизнис секторот фокусот го става на тоа што треба да знаат и за што треба бидат оспособени лицата по стекнување на квалификацијата, а не што треба да учат. Тоа ја зголеми важноста на секторските комисии за квалификации за да ги идентификуваат потребите за сите видови квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството и потребата од дуален систем на образование.

4. Единствен систем за осигурување квалитет и доверба во квалификацијата што ја поседува поединецот – Креирањето на квалификациите заедно со бизнис секторот и стекнувањето квалификациипреку дуалниот систем на образование значи дека се осигурува квалитет во целиот процес и ја поттикнува довербата во квалификацијата што ја поседува поединецот.

За крај, сакам да потенцирам дека и нашата земја исто како и економски развиените земји Австрија, Германија, Швајцарија или Англија (каде функционира дуалното образование) има развиена и моќна Национална рамка на квалификации. Но она на што треба да работиме во следниот период е поголема флексибилност на образованието и воспоставување силен систем на дуално образование. Во спротивно, функцијата на Националната рамка на квалификации би била беспредметна.


Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонијa

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ