19 Април, 2024
0.0266

Национална опера и балет на БЕГ месечно му плаќа и до 24.000 евра за загревање

Објавено во: Економија 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Национална опера и балет е „најпосакуван“ клиент на снабдувачот на топлина Балкан Енерџи Дооел Скопје со месечни фактури и до 20.000 евра, а од таму се согласуваат дека овие сметки се скапи во периодот кога сите се соочуваат со економски последици од кризата предизвикана од епидемијата. 

Во изминатиот период од шест месеци националната установа до снабдувачот исплаќа неколку фактури кои се во износ од околу 100.000 евра. Во март и на крајот на јули се платени два дела од фактурата за загревањето за месец јануари која вкупно изнесува 1.436.000 денари, или 24.000 евра.

Од НУ Национална опера и балет велат дека порано постоел обид да се намали оваа сума и дека се разговарало со БЕГ, но дека не дошло до договор. Од таму велат дека немаат свој самофинансирачки буџет за да ги платат овие фактури, туку дека државата им префрла колку што е потребно за да плаќаат редовно.

-  Ние овде имаме големи сали, канцеларии, вежбални и многу други простории со површина од 13.000 метри квадратни, но сумата е таа, иако знаеме дека на крајот ја плаќаат граѓаните. Инаку плаќаме по две фактури секој месец, од кои едната е фиксен износ од повеќе од 200.000 денари, а другиот е варијабилен во зависност од тоа дали е започната грејната сезона и колкаво е затоплувањето и тој дел е многу поголем, велат од МОБ.

Од Балкан Енерџи Груп велат дека високите сметки се однесуваат само на месеците кога во тек е грејната сезона и дека еден од најзначајните центри за македонската култура во изминатиот период за двојно ги намалил сумите.

„Фактурата кај потрошувачи од категоријата останати, во кои спаѓа и објектот на НОБ, зависи и од тарифните ставови за ангажирана топлинска моќност и испорачана топлинска енергија, кои се за 40 отсто повисоки од оние за домаќинства.

НОБ е објект кој согласно проектната документација има инсталирана моќностод 3666 kW што е еквивалент на повеќе од 600 просечни станови. Во изминатите грејни сезони, во објектот се превземени мерки за намалување на потрошувачката на топлинска енергија,со што ангажираната моќност (која е основ за фактурирање на фиксниот надоместок) е намалена двојно, на 1847 kW“, гласи одговорот кој го добивме од БЕГ:

МОБ истовремено се и „редовни клиенти“ кај извршителите, на кои месечно им плаќаат стотици илјади денари преку присилна наплата, но тврдат дека извршните решенија не се поврзани со БЕГ

- Веднаш штом се одмрзна забраната за извршување на крајот на јули, ни стигнаа четири решенија со вкупна сума од 500.000 денари како тужени од две правни и две физички лица. Редовно извршителите ни наплатуваат за спорови настанати главно од периодот од 2015 до 2017, додаваат од НОБ, од каде што тврдат дека месечно плаќаат по околу половина милион денари за струја и по 140.000 денари за комунална хигиена.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб