19 Април, 2024
0.0249

НА СВЕТИ ЈОВАН СЕ СЛУЧУВААТ РАЗНИ ЧУДА: Денес не треба да го правите ова

Објавено во: Стил 20 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска се слави Јованден.

Обичаите на свети Јован во нашиот народ се бројни, а за тоа се заслужни чудотворното раѓање и живот на Јован.

Раѓањето, животот и смртта на овој светец се следени со Божји чуда: На таткото на Јован, Захариј, додека како свештеник служел во храмот, му се јавил ангел Господов кој му рекол дека неговата сопруга Елисавета, иако е стара ќе забремени и ќе му роди син.

Му шепнал дека на синот треба да му го дадат името  Јован и дека низ него многу срца ќе му се обратат на Господ.

Захариј бил збунет и не верувал во веста на архангелот, поради што останал нем до раѓањето на Јован. Тогаш се уверил дека синот му е чудотворец кој Бог го испратил да го подготви доаѓањето на ветениот Спасител.

Нашите предци од секогаш верувале дека токму на денот на свети Јован се случуваат разни чуда со помош на овој светец и оттаму потекнува мноштвото народни обичаи врзани токму за овој ден: 

-На свети Јован верниците, по можност не треба да земаат нож во раце, во знак на сеќавање на страдањето на Јован.

На овој ден не се извршуваат тешки работи. 

Свети Јован е пример на чесност и праведољубие, па во народот има обичај луѓето на Јованден да се збратимат и кумат „по Бог и Свети Јован“, бидејќи Јован се смета за примерен карактер и почит, а во Светото писмо е наречен и ангел.

Еден обред бил посебно популарен меѓу старите и болни луѓе, кои сакале да дознаат дали ќе го дочекаат следниот Јованден:

Ноќта меѓу Богојавление и Јованден се земало едно јајце и се пуштало во сад со вода, ако потонело тоа значело дека судниот ден е близу. Ова е само делче од народното верување во моќта на зачетокот на животот и неговата духовна врска со Бог, Христос и Свети Јован.

На децата на овој ден не им се дава ништо што има црвена боја. Ни јаболко, ниту сок. Не се јаде и пие ништо што е црвено, бидејќи симболизира невино пролеана светителска крв.

Православците слават куќна слава на свети Јован, кој е на трето место по бројот на светци кои се слават, а католиците обично слават именден.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре