23 Април, 2024
0.0277

На СЈО му остана уште еден ден живот

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Советот на јавни обвинители денес ќе ја продолжи седницата на која ќе се расправа за статусот на обвинителите во СЈО а се очекува тоа да биде последна суштинска одлука пред целосното згаснување на ова обвинителство.

Претседателот на Советот, Ацо Колевски, изјави дека денеска очекува да биде констатиран престанок на нивниот мандат и, како што вели тој, најверојатно тие ќе се вратат во своите матични обвинителства од каде ги регрутираше нивната досегашна шефица Катица Јанева, која беше разрешена во саботата пред истекот на нејзиниот мандат.

„Ќе мораме да ги примениме одредбите од законот за специјално обвинителство за престанок на нивната функција затоа што таму е предвидено дека нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавен обвинител. Ние само тоа ќе го констатираме со одлука“ наведе Колевски.

Тој потенцираше дека не може да продожи работата на СЈО со в.д. специјален обвинител како што имаше такво претходно мнение, бидејќи тоа не го дозволува толкувањето на законот. 

„Став на Советот беше дека не постојат услови за поставување на вршител на должност во Специјалното јавно обвинителство имајќи го во предвид самиот закон за СЈО каде што стои дека предлог за именување на специјален јавен обвинител дава Собранието на Македонија. Ние очекуваме предлог од Собранието. Ако биде доставен, зашто овој закон е сѐ уште во важност, ние ќе постапиме по предлогот“-рече Ацо Колевски, претседател на Совет на јавни обвинители.

Засега единствено реагираат од опозицијата на трансферот на предметите од СЈО во редовното обвинителство. Од таму велат дека ваквата транзиција е „правна вратоломија на премиерот Зоран Заев и дека законски не смее друг да ја продолжи работата на СЈО“.

- Не постои одредба во законот со која може предметите да се пренесуваат туку така на Јавното обвинителство, уште помалку кога носителот на претходните надлежности, специјалната обвинителка Катица Јанева е во притвор и со сомнителни пола куцани, пола рачно пишувани писма, без печат и непотврден потпис им ги предава на некоја друга важна институција од ваков ранг. Вака ни бавча за садење не се пренесува во надлежност, а не пак обвинителски акти, рече вчера Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од актуелната власт расположението е дека нема потреба и понатаму да има натегање со опозицијата за нов закон со кој ќе се продолжи живото на СЈО бидејќи работата со предметите, според нив, ќе продолжи и понатаму, а европерспективата на земјата не е доведена во прашање.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор