25 Април, 2024
0.2516

На сета мака, денеска среќник ќе се опари со 50.000 евра од скенирање фискални сметки

Објавено во: Финансии 18 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Првата главна премија од 50.000 евра за „МојДДВ#МојаНаграда“ од скенирањето фискални сметки треба да биде извлечена денеска според програмата на Управата за јавни приходи. Ова е една од двете главни награди од 3.000.000 денари, а вториот среќен добитник кој ја користи апликацијата „Мој ДДВ“ ќе биде познат на 19 декември годинава.

Минатиот месец бројката на корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ порасна на 262.030 корисници. Од 15 декември започна наградната игра „МојДДВ#МојаНаграда“, а секој месец се доделуваат 15 награди од по 100.000 денари, секој ден се извлекуваат по 10 награди - 4 по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари. 

За месечните награди од по 100.000 денари и премиите од 50.000 евра има јавни извлекувања. Вкупниот фонд на #МојаНаграда е половина милион евра за една година, а можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се регистрирани во системот на е-персонален данок и кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ.

Добитниците добиваат известување колкава награда добиле. Оние кои при скенирање на сметките не добиле дневна награда, учествуваат во извлекувањата на месечно ниво и на извлекувањата за премиите. Од Министерството за финансии и УЈП често нагласуваат дека мерката МојДДВ, на која се надоврзува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда дава одлични резултати.

За една година предвидени се вкупно 3.852 награди и тоа 1.468 награди по 1.000 денари, 1.101 награда по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и 2 награди по 3 милиони денари.


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот