28 Март, 2024
0.0257

НА ПРВИОТ ДЕН - 356 фирми побарале помош од мерката 14.500 денари за платите

Објавено во: Финансии 02 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 356 барања за финансиска подршка за исплата на плати (Образец БФП-ИП) се поднесени до Управата за јавни приходи преку системот Е- даноци во текот на вчерашниот ден, први мај 2020 година.

Тоа е првиот ден на кој фирмите имаа можност да аплицираат за оваа мерка.

„Врз основа на Уредбата за финансиска подршка за работодавачите за исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, која беше изменета и дополнета на први мај, Управата за јавни приходи истовремено го постави образецот БФП-ИП согласно измените и го овозможи поднесувањето на Барањето за оваа финансиска поддршка, а резултатите се веќе очигледни уште на првиот ден“, соопштија од УЈП.

Затоа уште еднаш ги повикуваме работодавачите да аплицираат за оваа финансиска поддршка - 14.500 денари за исплата на плата за секој вработен, и да ја користат оваа поволност која ја донесе Владата на Република Северна Македонија, се со цел намалување на последиците од здравствено – економската криза Корона вирусот КОВИД -19 која го зафати целиот свет.

Даночните обврзници ги користат и другите анти-кризни мерки, односно ослободувањата од плаќање на аконтации на Данок на личен доход и Данокна добивка.

Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година,образец (ДД-ОМА) досега поднеле 688 даночни обврзници, а за ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход, образец (ДЛД-ОМА) поднеле 380 даночни обврзници. Овие барања се комплетни и истите се потврдени од страна на Управата за јавни приходи.

линк: 

http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/771

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка