26 Јануари, 2020
0.0221

НА ПОТЕГ УШТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ: Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2019

Холандија го ратификува протоколот за НАТО.

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Оваа информација на својот Фејсбук профил ја објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров. 


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, утрово изјави дека очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, а останува само ратификацијата во Шпанија, за што посочни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.

„Според најавите, првата седница на шпанскиот Парламент ќе биде почетокот на декември. Секое шпекулирање сега, ќе биде само шпекулација. Многу внимателно ги следиме настаните, ја испраќаме континуирано пораката дека е многу важно за нас, но и за регионот, нашето членство да биде час поскоро“ – изјави Шекеринска.

Македонија сега ќе чека да се завршат процедурите во Франција и Шпанија.

Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние рече дека државата ќе го ратификува протоколот до крајот на годината.

Премиерот Зоран Заев пак, денеска оцени дека добро е што имало успешни избори во Шпанија.

Можеби ќе ве интересира

Димитров: Николовски лаже дека никој од власта не бил во Давос

Димитров: Николовски лаже дека никој од власта не бил во Давос

Бирото за јавна безбедност ќе ја „лови“ порнографската група

Бирото за јавна безбедност ќе ја „лови“ порнографската група

Која е групата за порнографија меѓу средношколците - паника кај професорите и родителите

Која е групата за порнографија меѓу средношколците - паника кај професорите и родителите

Мајката и двата сина го задушиле таткото - МВР ги откри и тие се во притвор

Мајката и двата сина го задушиле таткото - МВР ги откри и тие се во притвор

Оливер Спасовски отиде во Центар Жупа и се пофали со социјалните мерки

Оливер Спасовски отиде во Центар Жупа и се пофали со социјалните мерки

Каде ли отишла младата жена, никој не знае веќе седми ден

Каде ли отишла младата жена, никој не знае веќе седми ден

Ја лажел жената дека му е кум на нејзиниот син и и зел 10 илјади денари

Ја лажел жената дека му е кум на нејзиниот син и и зел 10 илјади денари

Заев и врати на Ла Верита - немаа ништо против мене, инаку ќе ме уништеа

Заев и врати на Ла Верита - немаа ништо против мене, инаку ќе ме уништеа

Ќе го омекне ли Заев Мицкоски за законот - или пак ќе помагаат независните

Ќе го омекне ли Заев Мицкоски за законот - или пак ќе помагаат независните