18 Февруари, 2025
0.0316

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Во услови кога електронскиот и електричниот отпад сè повеќе се зголемуваат, компанијата Електро Еко Грижа презема значајни чекори за заштита на животната средина преку организирано управување со овој тип на отпад. Со фокус на одржливост и еколошка свесност, компанијата овозможува правилно управување со старите електронски уреди кои претставуваат сериозен ризик за животната средина ако не се третираат правилно.

Преку заедничка акција можеме значително да го намалиме штетното влијание врз природата и да создадеме поздрава средина за идните генерации.

Целта на Електро Еко Грижа е да се обезбеди едноставен и ефикасен процес за секој поединец и компанија кои сакаат да го рециклираат својот електричен отпад.

Мисијата на оваа компанија е интензивна работа во делот на организирање на системот за управување со отпад од електрична и електронска опрема, информирање на крајните корисници за потребата од одделно собирање на отпадот, организирање на собирни места, преземање активности за укажување на потребата од преработка, реупотреба и/или рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема.

Електричниот отпад содржи материјали кои можат да се реупотребат, но истовремено содржи и опасни супстанции кои, доколку не се отстранат правилно, можат да предизвикаат сериозно загрозување на човековото здравје, водата, почвата и воздухот. Правилното селектирање и рециклирањето го намалува количеството на отпад кој завршува на депонии, а со тоа придонесува за заштеда на природните ресурси.

Бидејќи секој рециклиран отпад претставува нов ресурс, Ве поттикнуваме да се вклучите во оваа мисија за почиста иднина.

Патот до почиста иднина почнува со тебе!

Веб: https://ekogriza.mk/

Меил: info@ekogriza.mk


Можеби ќе ве интересира

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ

Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!

Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка